Серија: Повеќе од простор: твоето право на иднина
Eпизода 2: Младински активизам – кога гласот се бори да се слушне
🎙️ Оваа подкаст серија е дел од проектот „Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите“, кој го става во фокус гласот на младите, нивната борба и реалноста на активизмот денес.
Во втората епизода, водителот Орданчо Перески разговара со млад активист и средношколец, Матеј Трајкоски за личниот пат кон младинскиот активизам – моментот што го „турнал“ кон ангажман, хаотичните почетоци, поддршката (или нејзиното отсуство) и дилемите што се појавуваат кога резултатите не се веднаш видливи.
Разговорот отвора важни прашања:
Дали младите имаат доволно простор да се слушне нивниот глас?
Дали институциите навистина слушаат или само „се прават“, и
Дали младинскиот активизам носи промени или чувство на борба со ветерници?
Епизодата носи искрени лични искуства, разочарувања, но и силни пораки за надеж, упорност и визија за Македонија во која младите имаат простор, глас и влијание.
🎧 Слушајте сега
Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.
