Серија: Повеќе од простор: твоето право на иднина
Eпизода 1: Зошто се важни младинските центри?
🎙️ Оваа подкаст серија е дел од проектот „Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите“, кој ја истражува важноста на функционалните младински центри за зајакнување на младите и локалната заедница.
Водител на подкастот е Орданчо Перески, а првиот гостин е Јован Цветкоски, раководител на Младинскиот Центар во Охрид, кој споделува практични искуства од работењето на еден функционален младински центар.
Разговорот се фокусира на тоа како функционираат младинските центри во пракса, какви програми нудат, со кои предизвици се соочуваат и какво влијание имаат врз младите и пошироката заедница. Посебно внимание се посветува на искуствата и практиките кои можат да се применат во Прилеп, како и на препораките за воспоставување одржлив и инклузивен младински центар.
Оваа епизода ја поставува основата на серијалот, истакнувајќи ги младинските центри како законска обврска, ресурс за заедницата и клучен механизам за зајакнување на учеството на младите и локалната демократија.
Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.
https://open.spotify.com/episode/47kZ7HNpVrhgj285hcXQ8f?si=824adbd4b7df493f
