РАДИО ПУЛС

Кои сме ние?             

Поаѓајќи од потребата на младите луѓе да ги изразат своите мислења и емоции преку дигитални алатки, кои стануваат сè поважни за човечката интеракција и врска и имајќи ја предвид потребата да се развиваат и поддржуваат процеси на постојана партиципација, кои се слободни и конзистентни со европските вредности и програми, младите членови на Младински Совет Прилеп го иницираа процесот што доведе до креирање на Пулс радио (www.pulseradio.mk) интернет радио, прво од ваков вид во регионот на Прилеп со цел да се слушнат и поврзат младите низ цела Европа преку создавање на европска мрежа на дигитално радио.

Интернет радиото е основано со поддршка на Мировниот корпус на САД Волонтери и претставува еден од најодржливите проекти не само на регионално туку и на национално ниво. Пулс Радио е место во кое младите новинари од Прилеп во текот на изминатите 12 години ги започнаа првите чекори во радионовинарството и продукцијата. Со својата 24 часовна програма овозможува, младите ентузијасти да ги подобрат своите новинарски вештини, да креираат свои радио емисии, придонесувајќи кон збогатување на музичкиот и културниот живот. Имајќи во предвид дека медиумите и слободата на говор се главен столб за подемократско општество МСП континуирано се стреми да се најдат повеќе канали и алатки кои обезбедуваат слобода на изразување на интересите на младите во исто време да ги зголемат нивните комуникациски, дигитални и новинарски вештини.

Креативно место за младите во Прилеп, кое обезбедува можности и простор за подигнување на капацитетот на младите новинари и музички артисти. Овде можe да најдете разновидна музика, емисии во живо, вести од заедницата, далечински преноси, едукативни сегменти и ток-шоуа.

Мисија

Да се даде глас на младите луѓе, да се зајакне нивното чувство за учество и да се обезбеди простор во кој ќе можат да го поддржат нивниот личен и културен развој преку музика и забава, додека го зајакнуваме граѓанскиот и културниот живот на заедниците.

Цели

– Обезбедување можности за учење, развој на вештини и техничка експертиза со цел младите да го изразат сопствениот глас и мислење;

– Поттикнување на нови форми на активно младинско учество во заедниците;

– Промовирање на европските програми како можност за мобилност на младите луѓе;

– Соработување со постоечки и новородени Европски младински радија;

– Обезбедување на можности за стекнување на нови вештини за маркетинг, водење интервјуа, пишување и емитување вести и радио продукција;

– Можност за стекнување работно искуство кое што ќе им помогне на младите за побрзо да се вклучат на пазарот на труд;

Вредности

Пулс Радио започна како проект на Младински Совет Прилеп од 2011 година и успешно работи денес. Пулс Радио обезбедувa технички и човечки капацитети како поддршка на младите кои директно ги емитуваат своите подготвени радио емисии ориентирани кон најразлични теми, притоа промовирајќи фер и еднакво општество, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост.

X