Стартуваме со првиот поткаст во рамките на иницијативата „Промоција на безбедна училишна средина“!
Наш прв гостин е Шалом Зекироски, со кој ја отвораме клучната тема: Зошто е важно ученичкото учество? Училиштето не е само зграда – тоа е заедница која ја градиме сите заедно. Дознај како твојата активност и вклученост директно влијаат на тоа колку сите ќе се чувствуваме безбедни и прифатени.
Слушај нè и дознај:
Што навистина значи да бидеш активен ученик?
Како дијалогот го спречува насилството?
Зошто ти си клучниот дел од промената?
Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина” поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина” се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ” и СМАРТ АП – Лабораторија Социјални Иновации.
