Ученици за Учество Епизода 3: Гласови што создаваат промена
Оваа епизода се фокусира на силата на ученичкиот глас и неговата улога во создавање вистински промени во училиштата. Водителката Марија Стојаноска, разговара со Претседателот на Ученичкиот Совет – Михаил Грашкоски и членовите на Ученичкиот Совет – Христина Стојкоска и Матеа Мургоска за важноста на активното учество, тимската работа и лидерството кај учениците.
Разговорот покажува како ученичките организации се менуваат од формални структури во активни тела кои иницираат проекти, го подобруваат училишниот живот и ги застапуваат интересите на учениците. Исто така, се разгледува како новиот Закон за средно образование го поддржува овој процес, давајќи им на учениците посилна и попризната улога.
Преку реални искуства и практични примери, оваа епизода покажува како идеите можат да прераснат во вистински акции кога учениците се охрабрени и поддржани.
Слушни сега и откриј како ученичкиот глас навистина може да создаде промена во училиштата!
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
