Ученици за Учество
Епизода 4: Од обука до акција – Како младите го преземаат кормилото
Во оваа епизода навлегуваме подлабоко во процесот на ученичко учество — од идеја до реална акција. Водителот Матеј Трајкоски повторно е со вас, овој пат заедно со Азра Тафоска, ученичка која активно учествува во креирањето на иницијативата.
Разговорот открива како двете обуки организирани од Младински Совет Прилеп им помогнале на учениците да ги разберат своите права, да научат како да комуницираат со институции и да изградат конкретен план за акција.
Слушателите ќе дознаат како тимската работа, довербата и поддршката од училиштето овозможуваат идеи да прераснат во вистински настани и иницијативи.
Оваа епизода покажува дека младите не се пасивни — туку подготвени да делуваат кога ќе добијат простор и насока.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
