Серија: Повеќе од простор: твоето право на иднина
Eпизода 3: Како Младинскиот центар ќе ја промени општината?
🎙️ Оваа подкаст серија е дел од проектот „Младински Центар за Прилеп – право, потреба и иднина за младите“, кој ја истражува важноста на младинските простори и влијанието што младите можат да го имаат кога се слушнати и вклучени.
Во третата епизода, водителот Ѓорѓи Рунески разговара со Анастасија Андријеска за тоа како Младинскиот Центар може да го промени секојдневието на младите и целиот град.
• Како ќе се чувствуваат младите кога ќе имаат свој простор?
• Какви активности би сакале да се случуваат таму?
• Што губи општината ако не го создаде овој простор?
• И како ќе изгледа Прилеп за 5 години ако младите добијат глас и влијание?
Разговорот нуди искрени лични искуства, инспиративни идеи и силни пораки за надеж и учество, покажувајќи дека иднината на младите може да биде значајна и видлива.
🎧 Слушајте сега
Оваа содржина е создадена во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“, кој го спроведува Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје, со финансиска поддршка од Европската унија. Ставовите и мислењата искажани во содржината не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторот.
