Во новата епизода на нашиот поткаст за „Промоција на безбедна училишна средина“, одиме чекор подлабоко. Овој пат, на темата насилство од правен аспект разговараме со нашите гостинки, Елена Коруноска и Теона Мајнова. Честопати мислиме дека „ова е само шега“ или „уште сме деца“, но законот има јасни дефиниции. Заедно со Елена и Теона ги демистифицираме правилата и одговорностите.

Што ќе научиш од овој разговор?
• Што предвидува законот за врсничкото насилство (булинг)?
• Кои се правните последици од дигиталното и физичкото насилство?
• Како институциите ги штитат жртвите и кои се механизмите за пријавување? Знаењето е моќ – кога ги знаеме нашите права и обврски, стануваме поодговорни граѓани и градиме побезбедни училишта.

📢 Не пропуштај ја оваа важна лекција!

Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина” поддржан од Детската фондација Песталоци. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина” се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ” и СМАРТ АП – Лабораторија Социјални Иновации.

April 27, 2026

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *