Третaта епизода на подкастот YOUTH4EU ја отвора една од најважните теми со кои се соочуваат младите денес – менталното здравје. Петар Јошески во оваа епизода разговара со Гордана Мојсоска, лиценциран психолог од Прилеп, која работи со деца и млади и има директно искуство со предизвиците поврзани со нивното ментално здравје.

Заедно разговараат за сè поголемите предизвици поврзани со менталното здравје кај младите, вклучувајќи анксиозност, депресија, стрес и осаменост, како и за стигмата околу барањето психолошка поддршка.

Разговорот ја опфаќа состојбата со менталното здравје кај младите во Северна Македонија, дали младите се чувствуваат слушнати и поддржани од своите семејства, училиштата и институциите и колку лесно можат да добијат психолошка поддршка кога им е потребна.

Епизодата исто така зборува за тоа како менталното здравје станува сè поважен приоритет во Европа, како и за иницијативите и политиките на Европската Унија насочени кон унапредување на благосостојбата и подобрување на пристапот до поддршка.

Што може Македонија да научи од добрите европски практики? Дали постојат европски програми и младински иницијативи преку кои младите можат да научат повеќе за менталното здравје и благосостојбата? И како младите можат да се вклучат во создавањето поздрави и поподдржувачки заедници?

На крајот, епизодата испраќа важна порака: барањето помош е знак на храброст, а не на слабост, а грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје.

🎧 Слушнете ја Епизода 03 на Pulse Radio и Spotify и следете ги следните епизоди од серијалот YOUTH4EU.

Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.

 

October 9, 2026

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *