Петтата епизода на подкастот YOUTH4EU отвора важна тема за родовата еднаквост, правата на жените и можностите за младите жени во Европа.

Водена од Марија Матеска, оваа епизода ја носи Кристина Дода, претставник на Институтот за човекови права (ИЧП) и експерт за родови прашања и европски проекти. Заедно разговараат за тоа што навистина значи родовата еднаквост во секојдневниот живот на младите жени и како европските политики за еднакви можности и правата на жените се применуваат во пракса.

Разговорот се осврнува на сè поголемото внимание што Европската Унија го посветува на родовата еднаквост и спречувањето на родово базираното насилство. Се разгледува и состојбата во Северна Македонија колку ги следиме европските стандарди во областа на родовата еднаквост и заштитата од дискриминација и кои европски практики би можеле да се применат и кај нас.

Посебно внимание е посветено на учеството на младите жени во општествениот и политичкиот живот. Дали младите жени имаат доволно простор да бидат слушнати и вклучени во процесите на донесување одлуки? И кои можности ги нуди Европската Унија за образование, вмрежување, лидерство и личен развој?

Епизодата зборува и за некои од најчестите заблуди околу родовата еднаквост и европските политики, а на крајот носи и практичен совет за младите жени кои сакаат поактивно да се вклучат во своите заедници и во општеството.

🎧 Слушнете ја Епизода 05 на Pulse Radio и Spotify и следете ги следните епизоди од серијалот YOUTH4EU.

Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС.

November 2, 2026

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *