Во оваа епизода од спортската серија со „Пулсот на младите“, водителот Горги разговара со Влатко, млад боксер од Прилеп, за неговото патување во спортот и за тоа што е потребно за да се успее во и надвор од рингот.
Влатко споделува што го мотивирало да започне да тренира бокс, како ја одржува дисциплината и мотивацијата во тешките денови на тренинг и што му се случува во глава пред да влезе во рингот. Тие разговараат и за справувањето со поразите, најтешките лекции што ги научил преку боксот, боксерот кој најмногу го инспирира и неговите цели за иднината.
Разговор за храброста, дисциплината, истрајноста и за тоа како спортот може да го обликува не само спортистот, туку и личноста зад ракавиците.

September 23, 2026

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *