Финална епизода од серијалот „ Ученици за Учество “ е достапна!
Ова е моментот кога се добива смисла. Во оваа финална епизода, одиме чекор подлабоко од идеите и зборуваме за тоа што навистина ја движи промената во училиштата.
Водителката Марија Стојаноска заедно со наставничката Ирена Пипиџаноска од СОУ Ристе Ристески Ричко, Претседателот на Ученичкиот Совет Михаил Грашкоски и членот Никола Талевски отвораат искрен разговор од различни перспективи — ученичка и наставничка.
Зборуваме за моментите помеѓу стравот и самодовербата, помеѓу идеите и нивната реализација, и што им е потребно на учениците за навистина да бидат слушнати.Истражуваме како поддршката, тимската работа и училиштниот систем заедно ја обликуваат ученичката активност — и зошто без поддршка, гласот останува само идеја.
Оваа епизода ја носи пораката јасно: промената започнува кога учениците не се сами. Слушни сега на Pulse Radio и откриј ја приказната зад вистинската ученичка промена.
Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Ученици за Учество: Зајакнување на ученичките организации во Прилеп“, кој е финансиски поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
