Во најновата видео епизода од „Младите се гласот на промените“, истражуваме што навистина значи да се живее активизам – не само како чин, туку како начин на живот. Наш гостин е Стеве Јанчески, претседател на „Урбано гнездо“ – Кривогаштани, младинска организација која создаде вистински импулс за промени во рурална Македонија. Водителот Петар Јошески не води низ разговор исполнет со лични приказни, предизвици во организацијата и вистински примери за тоа како младите можат да бидат двигатели на промени, дури и во рурални средини. Ќе ги разоткриеме најголемите митови за активизмот и ќе слушнеме што ги мотивира младите денес. Оваа епизода нуди инспирација за сите што сакаат да се вклучат, но не знаат од каде да започнат.

🎥 Гледај ја сега на Радио Пулс и почувствувај го пулсот на младинските гласови во акција!

Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

October 2, 2025

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *