Во четвртата епизода од „Корупција: Разговори што откриваат“, водителката Анастасија Андријеска разговара со Кристијан Вељаноски — страствен средношколски активист и гласен младински борец против корупцијата. Во оваа епизода, „Како младите можат да придонесат во борбата против корупцијата“, двајцата млади дискутираат како изгледа корупцијата низ очите на младите, како влијае врз нивното секојдневие и зошто е важно да се проговори. Кристијан споделува лични искуства, ја истакнува моќта на интегритетот и младинскиот активизам и ги повикува своите врсници да веруваат во промената и да преземат акција — и онлајн и офлајн. Вклучи се и слушни како младите можат да бидат лидери сега, а не подоцна.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.

July 28, 2025

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *