Во првата епизода од серијалот „Младите да бидат слушнати“, водителот Петар Јошески разговара со Михаела и Михаел, младинското дуо зад подкастот Teen Phenomen. Тие ја споделуваат својата приказна – како една идеја се претвори во вистинска платформа за младински гласови. Од предизвици до успеси, нивниот пат докажува дека со страст и упорност, соништата на младите може да станат реалност. Епизода која секој млад човек треба да ја чуе.

Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

July 21, 2025

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *