Дали Општината ветува дека многу скоро може да се очекува Отворање на Младински Центар во Прилеп?

Младински Совет Прилеп повторно гостин во утринската емисија на Македонско Радио 1.


Во текот на емисијата, се дискутираше за активностите на иновативната иницијатива „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“. Фокусот на дискусијата беше на тркалезната маса „Зона на млади“, односно на одговорот од градоначалникот и претставниците на Општината во однос на прашањето кое го застапуваме – Отворање на Младински Центар во Прилеп.

Во гостувањето беше најавено дека Младински Совет Прилеп како организација со здобиена акредитација за програмите Еразмус + и Европски Солидарен Корпус ќе продолжи да работи на реализација на 2 младински размени, 1 студиска посета и 1 обука за младински работници кои ќе се реализираат во месец мај и јуни.