Работилница 2 „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“
Се одржа втората работилница, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“, со цел да им се овозможи на младите да дадат коментари, сопствени идеи, мислења и ставови во однос на иновативната иницијатива (Отворање на Младински Центар во Прилеп).
На Работилницата, фасилитирана од страна на Мобилизаторите на заедницата со млади од средните училишта, беа промовирани 2 аудио поткасти, снимени во рамки на проектот за значењето и улогата на Младинскиот Центар како и за активностите кои треба да ги нуди еден Младински Центар, беа презентирани и препораките од младите кои произлегоа од ИНФО деновите и од првата работилница. Потоа на младите им беше дадена можност да остават свои коментари, мислења, идеи и ставови во однос на тоа Каков тип на активности сакаат да нуди Младинскиот Центар, на овој начин се овозможи активно учество на младите.
На работилницата присуствуваа 15 средношколци, на кои им беше овозможено активно учество односно користејќи ги различните форми како и дигиталните платформи да го искажат својот глас и на тој начин вклучувајќи се во иновативната иницијатива.
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #CHinMK
- Start Date: January 25, 2023
- Start Time: 11:00
- End Date: January 25, 2023
- End Time: 13:30