ИНФО ДЕН 2 – Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар
Се одржа вториот ИНФО ДЕН во Центарот на градот – Прилеп во рамки на проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.
За да влијае на подигнување на јавната свест кај младите како и кај креаторите на политики за нивна поголема одговорност и транспарентност во локалната заедница, Младински Совет Прилеп, на 13 јануари 2023 година во Центарот на градот – Прилеп организираше ИНФО ДЕН.
Овој настан беше наменет за младите, бидејќи тие имаат најголема потреба од Отворање на Младински Центар и се најмногу засегнати кога станува збор за ова прашање. ИНФО денот беше организиран со цел да се обезбеди поголем ангажман на граѓаните, поттикнување на поголема вклученост на заедницата и како и нејзина мобилизација во барањето политичка одговорност и транспарентност од избраните претставници и потсетување на локалните власти за нивните дадени ветувања.
На ИНФО денот беше промовирана иновативната иницијатива „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“ и се примени методот „Opinion Boulevard“ каде преку видливо поставени табли, младите имаа можност да ги дадат своите мислења за нивната перцепција дали постапувањето на локалната самоуправа кон проблемот – Отворање на Младински Центар е задоволително и дали истите сметаат дека проблемот е во процес на имплементација. Младите имаа можност да дадат мислење за тоа „Каков тип на активности и услуги треба да нуди Младинскиот Центар’’. Волонтерскиот тим на МСП и мобилизаторите на заедницата беа ангажирани при реализација на ИНФО ДЕНОТ.
Преку оваа активност директно опфативме 70 млади од општина Прилеп, а индиректно околу 100 граѓани.
Младински Совет Прилеп ги сумираше мислењата и перцепциите на младите во вид на препораки, кои подоцна по спроведувањето на останатите активности предвидени во оваа иницијатива, ќе бидат преточени во Позициски документ кој ќе биде доставен до Градоначалникот и Советот на Општината и јавно промовиран на веб страните на Младински Совет Прилеп и Радио Пулс.
Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
- Start Date: January 13, 2023
- Start Time: 12:00
- Location: Стара Чаршија - Прилеп
- End Date: January 13, 2023
- End Time: 14:00