Промоција на резултатите на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“
Oд 24-ти јуни до 1-ви јули, во Струга се одржа меѓународна Младинска Размена во рамки на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“. Целта на проектот беше да се зајакне социјалната вклученост преку промовирање на медиумската писменост кај младите кои живеат во руралните области и да се даде можност да излезат од нивната комфорна зона и да учествуваат во неформални активности.
После завршување на размената, учесниците од партнер земјите имаа за задача да спроведат последователна активност: Работилница со локални млади, се со цел да се презентира мноштвото на искуства, активностите како и спроведените резултати од размената, вооедно промовирајќи ја и одржливоста на проектот.
Целна група на последователната активност беа млади лица на вораст од 17 – 24 години, полни со ентузијазам и мотивација да научат повеќе за можностите и животните искуства кои ги нуди програмата Еразмус +, кои беа дискутирани на првата сесија од локалната работилница.
На втората сесија се осврнавме кон презентација на целите, сесиите со активности, како и аутпутите кои што произлегоја од размената:
- 15 новинарски записи на теми кои што беа поврзани со медиумска и информациска писменост и како да се спротистават на дезинформациите со кои што младите постојано се опкружени на социјалните мрежи;
- 3 видеа преку кој што младите ги изразија своите проблеми со кои се соочуваат во руралните средини каде што живеат;
- 3 платна на кои беа претставени резултатите од размената.
Учесниците на последователната активност беа мотивирани да го доживеат истото искуство и покажаа голема волја за учество во меѓународни проекти.
- Start Date: September 13, 2022
- Start Time: 12:00
- End Date: September 13, 2022
- End Time: 03:00