Во петокот на 14.02, волонтерите на Младински Совет Прилеп – Jade Blrpre и Leonardo Motti, заедно со волонтерите на ИНФО СЕГА – Florian Henault и Gülay Dedebaş беа во посета на Гимназија Мирче Ацев Прилеп, каде поминаа време со учениците разговарајќи за празниците кои се слават на 14 февруари.
Учениците од гимназијата им кажаа на нашите волонтери за празникот кој ние го празнуваме на тој ден – „Св. Трифун“, какви обичаи имало во минатото и како граѓаните го прославувале денот на заштитникот на градинарите и на лозарите.
Додека пак, нашите волонтери им кажаа на учениците како тие го празнуваат празникот „Св. Валентајн“ и какви обичаи имаат тие на тој ден.
Имавме една прекрасна дружба, и договор за понатамошни активности и соработки.