Марија Ташкоска од Младински Совет Прилеп – гостин на Македонско Радио 1
Програмскиот асистент на Младински Совет Прилеп, Марија Ташкоска, беше гостин во утринската емисија на Македонско Радио 1.
Во текот на емисијата таа се осврнаа на активностите кои беа предвидени по повод Денот на младите – 12 Август. Марија ги претстави досега спроведените активности на организацијата со посебен фокус на Младинската размена, и најави дека Младински Совет Прилеп како организација со здобиена акредитација за програмите Еразмус + и Европски Солидарен Корпус ќе продолжи да работи на реализација на 2 младински размени, 1 студиска посета и 1 обука за младински работници кои ќе се реализираат во скоро време.
Марија им го честита празникот на сите млади со прекрасна порака: “Би сакала да упатам порака до младите како водачи на сегашноста и иднината. Едуцирајте се! Едукацијата е најдобриот лек за да се заштитиме од големиот проток на лажни вести и дезинформации и да го развиеме критичкото размислување точно од неточно, како и да изградиме сопствени ставови со кој што успешно и правилно би се движеле по патеката наречена ЖИВОТ. Нека е среќен Светскиот ден 12ти Август за сите млади и за сите оние кои се чувствуваат така!”.
Видеото од целосното гостување може да го погледнете со клик на плеј копчето.