Таблети, iPad уреди, паметни телефони…сите тие големи подароци за Божиќните празници. И сега Ви предлагам да оставите се од тоа настрана! Започнете да користите ‘’дигитална диета’’ со цел да уживаме во секој момент и да ја подобриме нашата благосостојба со што е можно помалку користење на модерната дигитална технологија.
Се ова не наведува на ЈОМО. JOMO е акроним за Joy of Missing Out, или уживање во она што го правите во моментот без да се грижите што прават други околу вас. ЈОМО е социолошки феномен што е одговор на FOMO (Fear of Missing Out), или стравот од пропуштање, стравот да се биде ‘’надвор од главните случувања“, или да не се биде „најкул“. Замислете дека сте дома во сабота навечер и уживате во филмот што сте сакале да го гледате долго време. Но, тогаш погледнувате во вашиот телефон и гледате дека вашиот пријател објавил на Инстаграм за тоа дека е на вечера во познат ресторан, друг пријател твитнал за тоа на кој спортски натпревар бил последно…и одеднаш вашиот план да гледате филм не изгледа толку посебно. FOMO не е ништо ново – сите сме излегле еднаш или повеќе пати само затоа што сме се плашеле да не пропуштиме нешто интересно – но тоа е многу повеќе претставено како посебно отколку што всушност е од страна на технологијата и социјалните медиуми.
ЈОМО ве повикува да заборавите на сето тоа, да престанете да се прашувате на секои 5 минути што се случува надвор ако не ти е од особена важност. Овај начин на функционирање има за цел навестување на внимателност, размислување за тоа што се случува овде и сега, навистина да ги фокусираме нашите 5 сетила на она што го правиме и да не ‘’шпионираме’’ што прават другите преку ‘’шпионката’’ што социјалните мрежи ја ставаат на постојан дофат. Затоа што таму секогаш ќе биде нешто подобро за правење, но важно е да го прифатите тоа и да можете да види дека секогаш има нешто за уживање во секоја ситуација во која се наоѓаме.
Навики кои го зголемуваат JOMO
Учете да го цените своето чувство на интуиција, отколку постојано да се чувствувате како да сте во некакво исчекување. Така би требало да ја потрошите 2022 година. Следете ги советите кои ги препорачуваат експертите за да изградите сопствен план за JOMO:
Користете ги вашите сетила Фокусирајте се на вашите сетила, како звукот на океанот што се одбива на брегот, мирисот на кремот за сончање од кокос, чувството кога сонце го загрева вашето тело и погледот на бродот, односно се со што ќе се осигуриме дека сме во сегашноста и дека навистина уживаме во тоа што го правиме во моментот. Ова е еден вид на медитација преку размислување. Значи, можеби не сте некаде на плажа, но сепак можете да го забележите преку суптилен начин она што ви претставува задоволство и ве прави среќни, односно сите оние пријатни работи околу вас.
Престанете со повеќекратните задачи Кога се туширате, фокусирајте се само на тоа. Или пак само измиј ги садовите; бидете присутни на она што го правите без телефонски повици, музика или подкасти кои ќе ви го одвлечат вниманието.
Вдиши издиши Земете 4 длабоки вдишувања и фокусирајте се на здивот. Ако сте навистина фокусирани на вашиот здив, нема каде на друго место да ви оди умот и да мислите на било што друго освен на она што го правите во моментот.
Вежбајте ‘’благодарност’’ Одвојувањето време да ги забележиме сите работи за кои треба да бидете благодарни и ни помага да се фокусираме на тоа што „е“ наместо она што „би можело да биде“.
Дајте си три посебно важни минути секој ден Тоа е сè што е потребно. Користење на апликациите како ‘’Calm’’ или ‘’Headspace’’ може да биде одличен начин за вежбање медитација.
Погледнете во нечии очи Дури и кога разговараме, ретко се гледаме еден со друг во очите. Забавете, и навистина потонете во контакт со очите со некого.
Одете на прошетка Без разлика дали слушате музика или разговарате со некого, со тоа што ќе го користите вашето тело да прошетате и да бидете во природа може да има огромни придобивки за вас.