Што е Радио Пулс?

Пулс Радио е место во кое младите новинари од Прилеп во текот на изминатите 12 години ги започнаа првите чекори во радионовинарството и продукцијата.

Kаде се наоѓа Радио Пулс?

ул. Цар Самоил бр.18 Прилеп, Р.С. Македонија

Какви емисии се емитуваат преку Радио Пулс?

Забавни и едукативни емисии.

На кој јазик се емитуваат емисиите?

Емисиите се емитуваат на најразлични јазици во зависност од желбата на слушателите и волонтерите. Најчесто се емитуваат емисии на македонски и англиски јазик.

Каде може да се слушаат емисите?

Тука

Кој може да биде волонтер во Радио Пулс?

Секој млад ентузијаст кој сака да ги подобри своите новинарски вештини, да креира свои радио емисии, придонесувајќи кон збогатување на музичкиот и културниот живот.

Како да се стане волонтер во Радио Пулс?

Едноставно со потполнување на следнава апликација:

Kои активности ги имаат волонтерите во Радио Пулс?

Планирање и подготовка на радио програма и емисии, правење приказни, известување, истражување, техничко уредување и постпродукција.

Зошто да се приклучам кон Пулс Радио тимот?

Вклучувањето на младите во Пулс е со цел учење технички, продукциски, вештини за пишување и известување до развивање и деконструирање медиумски содржини – тесно поврзани со процесите на медиумско образование и писменост.

Преку нашата достапност во заедницата, нашата станица е централно место за слушање, грижливо место каде што нашите слушатели ќе можат да се соберат за да научат и да го откријат срцето на заедницата што го прави толку извонредно место за едукација и забава каде што креативноста цвета.

Зошто да работиме заедно ?

Ќе работиме заедно за да замислиме и да се подготвиме за она што ќе го донесе иднината – нови технологии, стратешки можности, програмирање и партнерства во заедницата, како и предизвици кои допрва треба да се дефинираат, за да ги исполниме надежите и очекувањата на илјадниците слушатели кои зависат од вас. Се надеваме дека ќе ни се придружите.

Имате прашање?

[fluentform id=”2″]