Кога ни е потребна правда, очекуваме судиите, адвокатите и полицијата да бидат фер и непристрасни. Но реалноста често е поинаква. Во оваа епизода, водителот Ѓорѓи Рунески разговара со адвокатот Жарко Стеваноски за тоа како изгледа корупцијата во правниот систем — од одолговлекување на судења и пресуди под влијание, до граѓани кои ја губат довербата во правдата.
Жарко споделува лични искуства, приказни од пракса и размислува за можните решенија: транспарентност, технологија и поголема одговорност. Оваа епизода нè потсетува дека корупцијата во правото не е само правен, туку и човечки проблем.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија кој го спроведува Младински Совет Прилеп. Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија. Оваа содржина е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија и СЕЛДИ.
