🎧 Епизода 1: Зошто е важен гласот на младите?
Во првата епизода од серијалот „Младите да бидат слушнати“, водителот Петар Јошески разговара со Марта Кузманоска од Крушево за тоа што ги мотивира младите да се активираат. Марта ја споделува својата лична приказна, првите чекори во активизмот и предизвиците со кои се соочуваат младите при обидите да бидат слушнати. Се зборува и за улогата на образованието, медиумите и институциите во поддршката на младинското учество – и што би се сменило доколку гласот на младите се сфаќа сериозно. Моќен почеток на серија која го засилува гласот на младите во локалната демократија.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
