Во епизода од подкастот „Младите се гласот на промените во заедницата“, разговараме за тоа како младите можат да станат вистински носители на граѓански промени на локално ниво. Гостин во оваа епизода е Гоце Бумбароски, претставник од Општина Прилеп, а водител е Ѓорѓи Рунески. Заедно дискутираат за моменталната состојба со младинското учество, за постоечките иницијативи на општината, но и за пречките со кои младите се соочуваат. Епизодата нуди инспиративен пример за тоа кога младите навистина направиле разлика во заедницата и завршува со корисни совети за сите кои сакаат да се вклучат, но не знаат од каде да почнат.
🎧 Слушнете ја целата епизода сега на Radio Pulse и откријте како гласот на младите ја обликува иднината на нашите заедници.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
