Во првата епизода од серијалот „Младите да бидат слушнати“, водителот Орданчо ја споделува својата лична приказна за тоа каде и како младите можат да го пронајдат својот глас. Од формални тела како младинските совети, до уметноста, социјалните мрежи и секојдневните разговори – оваа епизода покажува како изразувањето има сила да трансформира индивидуалци и заедници. Без разлика дали зборуваш на состанок, објавуваш на Инстаграм или пишуваш во тетратка – твојот глас вреди. Искрено размислување за храброста, припадноста и моќта да бидеш слушнат.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.