Workpetence – иновативна дигитална алатка за анализа на компетенциите за вработиливост на млади лица

На 4 февруари 2019 година во хотел Континетал се одржа конференција на која беа промовирани Дигиталната алатка Workpetence, Водич за кариера за Младински работиници и Тест за кариерно насочување.

Проектот „Workpetence – Online Tool for Competence balance for Youth Employment” се спроведува во партнерство на Младински Совет Прилеп со Алфа Албона од Хрватска и United Socities of Balkans од Грција, а истиот е финансиран од ЕУ преку Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност во рамките на Еразмус+ програмата, Клучна Акција 2 (Стратешки партнерства во полето на млади).

На настанот присуствуваа 68 претставници на национални и локални институции, невладини организации и млади.

За време на конференцијата беа одржани две панел-дискусии со претставници на институциите и невладините организации и една работилница со млади лица, кои што имаа можност да го пробаат тестот, а потоа заедно со фасилитаторите да разговараат за придобивките од истиот.

Алатката е достапна за сите и истата може да се тестира на следниов линк.

Доколку имате коментари со забелешки за истата или со предлози за нејзино подобрување, слободно пишете ги на maja@ycp.org.mk