When in Krusevo – Winter is here!

Ви го најавуваме првиот снежен outdoor настан во Крушево – When in Krusevo – Winter is here !

После незаборанвите летни авантури, Крушево ве  повикува на уникатен outdoor фестивал во зимски услови. Можност за одлична адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во зимско руво, 100% чист воздух, пејзажи и погледи кои ќе ви го одземата здивот.

Зимското издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is here!“ ќе се одржи од 08 до 10 Февруари 2019. Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава.

Карти за настанот:

  • 500 ден – индивидуална карта;
  • 400 ден за групен билет (важи за спортски клубови, здруженија, фирми);

Учесничкиот пакет содржи маичка со уникатна илустрација од ТхеМичо, алуминиумско ре-употребливо шишенце, како и подароци од нашите партнери.

Со секоја карта следува оброк за време на Street Food евентот, варено вино, чај за време на паузите од планинарската тура во сабота и чај на пауза во Панорама Спа, за време на прошетката во недела.

Со купената карта се стекнувате со право на попуст за сместување во објектите кои се објавени, како и попуст за зимски танедем параглајдинг!

Пријавувањето на настанот можете да го направите тука.

Официјалната веб страна на фестивалот: http://winter.wheninkrusevo.mk

 

—————–ПРОГРАМА—————–

ПЕТОК:

  • 12:00 – 20:00 – Пристигнување на учесниците и подигнување на учесничкиот пакет, во Параглајдинг Инфо Центарот во Крушево,
  • 21:30 – Забава во Кичен Бар – Сноу со DJ (ќе објавиме подоцна кој), бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

САБОТА:

  • 09:30 – 10:00 – Собирно место – Гумење (пред Спомен Куќа на Тоше Проески)
  • 10:00 Трнување на рекреативна планинарска тура (околу 5 км), попатни паузи за чај во Adventure park Корија и ски центар Станич.
  • 14:00 Собирно место Жичара, и спуштање кон градот
  • 14:30-18:00 Денска забава со DJ Бапчу, дегустација на оригинални StreetFood рецепти со домашни крушевски колбаси, веге опција со печурки, варено вино (за секој учесник). Локација – тераса Олд Скул Кафе.
  • 21:30 Забава со The Hounds во Олд Скул Кафе Крушево, бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.

НЕДЕЛА:

  • 10:30 – 11:00 – Собирно место, парк Крушево (пред црква Св. Никола)
  • 11:00 Прошетка низ крушевските сокаци со попатна пауза за чај во
  • ресторанот на Панорама Спа Крушево.
  • 10:00-14:00 Зимски тандем параглајдинг , 1500 ден за секој учесник на фестивалот, обезбеден превоз од град до старт и назад.