МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП: Младите практиканти  се вратија од Хрватска

Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи, овозможувајќи 16 млади од Прилеп да имаат можност да учат и се стекнат со практична вештини на работни позиции во Грција, Хрватска, Португалија и Англија.

awga

„Нашето искуство на оваа меѓународна пракса започна на 1 Март, кога дојдовме во Хрватска со премногу очекувања на нашата пракса, за нашето надополнување на знаењата кои ќе ги стекнеме. Престојувавме во Лабин, град во кој претежно живеат уметници, сликари, музичари. Градот има изобилство на убавини и природа, галерии, музеи и културни места. Воодушевени од пречекот на претставниците од „Алфа Албона“, од нивната гостопримливост.

Со помош на Erasmus + и проектот “We can and We will” имплементиран од Младински Совет Прилеп, ја добивме оваа можност да стекнеме ново огромно работно искуство, да научиме како функционира Erasmus + и EVS програмата, запознавајќи се со работата на организацијата. Секојдневно учествувавме во интерактивни и едукативни работилници охрабрувајќи го тимскиот дух, мултикултурализмот и учењето на странски јазици. Во овој двонеделен период стекнавме многу нови вештини, се здобивме со нови знаења поврзани со маркетинг и менаџмент кои практично успеавме да ги примениме и за кои се надеваме дека во иднина ќе ни помогнат во наоѓање на добра работна позиција.“ –  споделија со нас, практикантите кои беа дел од „Алфа Албона“, Лабин, Хрватска.

“We can and We will” е подржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.