Со голема чест и задоволство Ви го претставуваме видеото кое е дел од Националната кампања „Право на младинско информирање Информирај Се СЕГА ! “ , поддржано од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Во ова промотивно видео учествуваа успешни и талентирани млади кои порачуваат дека младите имаат право да добиваат точни и навремени информации за теми кои нив ги засегаат.

Информирај се и ти, затоа што имаш право! Информирај се СЕГА !

Голема благодарност до учесниците:

Стојаноски Андреј – Вице шампион на светското првенство на глуви 2015, спортист на годината- спортски оскар во категорија Спортисти со инвалидитет, Член на пливачки клуб БЕТА од Скопје

Блашка Ми Ева – Уметник и дизајнер на накит, победник на конкурсот за најдобро лого во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“

Милован Петровиќ – Фудбалер во ФК „Работнички“ Скопје и репрезентативец на ФФМ (Фудбалска Федерација на Македонија)

The Hounds – Музичка група, алтернативна музика

Ева Скендеровска – Актер во Театар Комедија Скопје

Мартин Несторовски – Каратист, освоено трето место на Европски олимписки игри 2015

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, а во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации. Младински Совет Прилеп е локален партнер во кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

March 21, 2016