Admin

Show Time
12:00am - 12:30am
Monday

Прво интервју за What’s up Прилеп

Во понеделник (26.05.2014) во просториите на Pulse радио се сними и првото интервју за реализацијата на првата емисија од шоуто What’s up Прилеп, кое ќе можeте да го слушните на почетокот од јуни на Pulse радио. Интервјуто беше со Александар Котески лидер на клубот на млади при општинската организација на Црвен крст Прилеп. Александар зборуваше за неговото искуство во волонтерските води, неговите активности во различни организации, најмногу за неговата сегашна улога како лидер на клубот на млади волонтери во Црвен крст. Сите млади кои сакаат да се активираат преку ова интервју ќе можат да разберат кои услови треба да ги исполнуваат за да станат дел од Црвениот крст. Датумот на емитување на првата емисија What’s up Прилеп ќе биде дополнително објавен.