Реконструкција на дворот при СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Едукацијата не е само одење на школо и добивање на признание. Тоа значи и проширување на знаењата и осознавање на вистината за животот.

Училиштето прерасна во една мала населба каде учениците учат како да се запознаат, патот и влијанието на детската перцепција е нивна, изразена преку околината во која израснале. Ова е сликата која е многу важна во училиштето, идејата за обновување на дворот е доволен аргумент. Новиот двор ќе навлезе во животот на учениците без разлика на нивниот тип на работа.

Друга идеја би се состоела во паркинг за велосипеди, како најчест транспорт користен од учениците. Многу е важно да се нагласат нивните потреби, како и правилно да се употребат.

Многу е важно да се употреби место во рационална смисла и да се модернизира, да се креира позитивна, атрактивна слика преку што би се инспирирале останатите преку изгледот на школото.

Ги прашавме луѓето што мислат за сегашниот изглед на дворот. Кај нив преовладуваше само еден одговор, а тоа беше барањето за итна модернизација, преку која мора да нагласиме дека е потребно креирање на атрактивно место преку кое ќе се врати сјајот на училиштето.

Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп