Моите први впечатоци за Прилеп – Фуркан Озмен

Како прво, би сакал да кажам дека во Македонија – Прилеп дојдов од Анкара преку ЕВС. Ова е мојот прв пат да патувам во Македонија и поради тоа бев многу возбуден.

Кога се симнав од авионот првото нешто што го сфатив беше темпернатурната разлика, бидејќи беше многу жешко. Но, како што поминува времето се навикнувам.
Кога дојдов во Прилеп од Скопје, се запознав со Мери, Евгенија и моите цимери Сезер и Леонардо. Сезер е исто така од Турција, а Леонардо е од Италија. Двајцата се одлични момци. Бев многу изненаден од тоа како Македонија и Турција на различен начин се слични меѓу себе.

Кога отидов во центарот на градот Прилеп, се запознав со луѓе кои се навистинина многу љубезни. Тие беа пријателски расположени и и ме третираакако да сум еден од нив.
Храната тука исто така е многу слична на храната во Турција. На пример, „бурек“ е исто како и ” börek ” во Турција, што е всушност едно исто. Друго што би сакал да напоменам е дека храната тука е по мој вкус.
Можеби најимпресивната работа за Прилеп е тоа што има многу зелени површини односно паркови и шуми. Јас сум голем обожавател на природата и мислам дека секој град има потреба од зелени површини како што овде во Прилеп. Исто така, многу ми се допаѓаат  историските градби во центарот на градот кои се поврзани со нови. Начинот на кој што жителите на Прилелп ја чуваат својата историја, е восхитувачки.

Ова се моите први впечатоци што ги стекнав овие неколку денови за Прилеп и Македонија.
Се надевам дека ќе знам многу повеќе наредните денови.

Ви благодарам што го прочитавте овој напис.

Волонтер: Фуркан Озмен

Написот на Фуркан, можете да го погледнете тука.

Translate »