На 01.06.2017 година во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализираше првата работилница за електронско младинско учество овозможено од “OPIN” алатката, која претставува европска платформа преку која младите ќе имаат можност електронски да ги испратат своите барања, идеи или предлози, да извршат избор преку електронско гласање во зависност од намената или пак да направат „бура на идеи“ за да ги видат потребите од своите соученици.

Оваа прва активност, на која присуствуваа 20 учесници, и една од предвидените активности на проектот “Youth in e-participation” кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во сите средни училишта од Прилеп. Целта на проектот е да го зголеми младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки, кај младите од 15 до 29 години,во Општина Прилеп.

На оваа работилница, учесниците имаа можност да научат што претставува младинско учество и електронско младинско учество, што претставува OPIN платформата и како може да се користи, кои придобивките од младинското учество и користењето на оваа алатака, и имаа можност да работат во групи со цел да ги искажат заеднички своите идеи и барања.

June 1, 2017