OHRID CALLING 2019 !!!

Охрид калинг 2019, најголемиот музички настан во нашата држава, КАРТИТЕ СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА !!!

Овогодинешното издание на Ohrid Calling фестивалот, според организаторите, ќе биде најголемиот проект во нивното досегашно работење.

После минатогодишното издание кое со спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren, навистина направи од фестивалот бренд, денес познат низ целиот свет.

Годинешниот line-up го сочинуваат 16 светски артисти кои ќе настапат на досега кај нас невидено четиридневно доживување на кое се очекуваат минимум 20.999 посетители по ден, од цела Европа.

Влезниците за фесивалот се пуштени во продажба од 11.03.2019 година преку продажната мрежна на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

 

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА:

ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 2.990 денари (49 евра)
ФАН ПИТ- 3.990 денари (65 евра)
ВИП – 6.000 денари (100 евра)

EДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ ПО ДЕН:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 1.200 денари (20 евра)
ФАН ПИТ- 1.990 денари (33 евра)
ВИП- 3.000 денари (49 евра)