Подобрување на вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот е основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16 млади, штотуку завршени среднисти, од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Прилеп.

Во наредниот период 16 млади од Прилеп ќе имаат можност да учат и се стекнат со практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија. За време на практичната настава учесниците ќе ги развијат своите вештини во полето на Маркетинг менаџмент, Сметководство преку методи кои што се користат во неформалното учење и практична работа во Центри за стручно образование и Бизнис компании во Европските држави.

Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.

Миле Димкоски – проектен координатор во Младински Совет: “Преку овој проектот ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе да станат свесни за потребата од стекнување на практични искуства и стекнување на вештини кои побрзо ќе ги донесат до пазарот на трудот. Со практичната работа во избраните Европски центри за стручно образование и бизнис компании овие млади ќе ги надградат своите способности и знаења за професионален и кариерен развој.“

За време на престојот во Европските држави покрај практичната работа младите ќе имаат можност да се запознаат со нивни врсници но и културата и знаменитостите на државите преку викенд екскурзии. „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е мултилатерален проект изработен со учество на 4 партнери, поддржан од ЕУ програмата Еразмус + и Националната агенција за образовни програми и мобилност.

February 21, 2016