„Homecoming: A Film by Beyoncé“

Стриминг платформата Netflix ги изненади корисниците и фановите на Бијонсе со објавата на првиот официјален трејлер за документарецот за музичката ѕвезда, насловен „Homecoming: A Film by Beyoncé“.

Обожавателите имаат шанса да ѕирнат во видеоприказната што ќе има премиера на Netflix на 17 април. Документарецот се фокусира на настапот на Бијонсе на фестивалот Коачела и нуди снимки зад сцената за тоа како се организирал легендарниот сет „од креативен концепт до културолошки момент“.