Младите практиканти во Англија: Го доловивме „духот на деловното работење“

Младите практиканти во Англија: Го доловивме „духот на деловното работење“

„По долгото исчекување и возбуда на 18 Март конечно стигнавме на Gatwick во Лондон, Англија. Само што стапнавме на земја, знаевме дека ова ќе биди голема авантура.
Стигнавме во Лондон, каде што со воз патувавме до Портсмунт. Уште одма почнавме да се восхитуваме на архитектурата, која е многу препознатлива (нормално од филмовите), а за културата, однесувањето и љубезноста на луѓето немаме зборови со кој би се искажале. Во фирмата IBD Partnership, не пречекаја многу “lovely”, стварно посебни луѓе, пред се големи професионалци. Ни објаснаа кои ни се задачите, работните места, домовите каде што ќе престојуваме, и за почеток не нагостија богато. Градот е исполнет сс многу музеи и историски спомени, а имавме време да видиме само дел од нив. Истотака, имавме и екскурзија во Лондон, град за кој не постојат зборови со кои би ги искажале нашите впечатоци.

Regents St with red buses and bunting

Но, пред се, тука бевме на меѓународна пракса, преку проектот “We can and We will” со имплементација на Младински Совет Прилеп,  финансиран од Erasmus +, со што можиме да се пофалиме. Очекувавме да биде се’ поразлично од Македонија и не се излагавме. Имавме многу големи очекувања, но добивме многу повеќе од тоа. Правењето на проекти, средување на документацијата, учеството на работни состаноци, не направи многу попрофесионални и да гледаме многу  подруго на работите.
Менторот и останатите соработници се покажаа во најдобро светло и ни помогнаа да ги усовршиме менаџерските способности. Стекнавме големо искуство во сферата на маркетингот, го доловивме “духот на деловното работење”, тимската работа како и тим лидерството, секако и подобрување на англискиот јазик. Оваа пракса е едно големо искуство и можност за која се надеваме дека ќе ни биде ценета во работните односи што ќе ги созадаваме понатаму.“

Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи, овозможувајќи 16 млади од Прилеп да имаат можност да учат и се стекнат со практична вештини на работни позиции во Грција, Хрватска, Португалија и Англија.

Ние можеме и ќе го направиме тоа” е подржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.