C.O.D.E aBc – младинска размена во Германија

Во периодот од 25.07 до 03.08.2019 години во Германија е одржана младинска размена во рамките на проектот C.O.D.E aBc, кој е долгорочен проект на Коалиција на младински организации СЕГА, Landesjugendwerk der AWO Thüringen од Германија и Maison Pour Tous Leo Lagrange од Франција.

 

Во периодот од 25 јули до 3 август се одржа младинска размена во Бад Бланкенбург и Ерфурт, Германија во рамките на проектот CODE aBc (Courage to Оpen Doors of Europe / attention, Be curious). На размената учествуваа 24 млади луѓе од трите држави на возраст од 14 до 18 години и 7 тим лидери на возраст до 30 години.

На размената учествуваа 8 учесници од Прилеп, локални волонтери во Младински Совет Прилеп и Коалицијата на младински организации СЕГА, заедно со двајца тим лидери од двете организации.

Целта на овој проект е активно вклучување на младите преку едукативни работилници на следните теми: интеркултурно учење, дискриминација и човекови права. Покрај тоа, учесниците учествуваа и на креативни работилници за сликање, правење графити и изработка и печатење на слика и тест на различни материјали.

 

Во рамките на размената беше организирано и целодневно кајакарење преку кое младите се запознаа со природните убавини на регионот Туринген во Германија, како и посета на младински центри во Бад Бланкенбург и Ерфурт, каде имаа можност и да се запознаат и дружат со млади лица, локални волонтери, на организацијата домаќин.

  

Предходно, во рамките на истито проект беше организирана и размена во Франција, а наредната размена во рамките на истиот проект, ќе се одржи идната година во Македонија.

 

Размената предизвика големо внимание кај жителите на Бад Бланкенбург, па за време на истата имаше и официјална посета на градоначалникот на градот, а веста за истата се прошири и нив јавните медиуми и во Франција.