Billboard ја вброи „Proud“ на Тамара меѓу 12-те песни кои би можеле да победат на Евровизија !

Светски познатото списание Billboard ја вброи „Proud“ на Тамара Тодевска меѓу песните кои имаат потенцијал да го освојат првото место на Евровизија 2019.

Иако сè уште е рано да се предвиди победникот на овогодишното издание, Billboard ги издвои 12-те песни кои смета дека треба да се издигнат на врвот оваа година.

Како причина поради која нашата држава може да победи, тие истакнуваат дека е начинот на кој оваа песна ги слави жените. „Ова издигнување на жените во време на движењето #MeToo би требало да допре до многу гласачи, како и до професионалното жири“ – пишува Billboard.

Со својата песна, Тамара цели да пренесе порака за стереотипите и наметнатите правила за жените. 33-годишната пејачка и нејзиниот тим силно се надеваат дека оваа година ќе влеземе во финалето. Нашата држава се нема пласирано во финале од 2012 година. На листата се најдоа и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.

Најдобар пласман досега постигна Елена Ристеска во 2006 година, кога нè претставуваше со песната „Нинанајна“.

Тамара ќе настапи 17-та по ред во втората полуфинална вечер која ќе се одржи вечерва во Тел Авив.

 

Преземно од: http://www.femina.mk