„Bao“ – краткиот анимиран филм за осамена мајка кој доби Оскар

„Bao“ е емотивен филм на Pixar кој победи во оскаровската трка за Најдобар краток анимиран филм.

Анимираниот филм раскажува приказна за осамена мајка, која страда од синдром на „празно гнездо“. Таа добива уште една шанса да го почувствува мајчинството, кога ќе „оживее“ едно од нејзините приготвени баози (кинески полнети лепчиња).

Во 8-минутното видео, среќната мајка посветено се грижи за малечкото, но подоцна се соочува со реалноста дека децата растат брзо и нема засекогаш да останат малечки.

„Bao“ е создаден од режисерката Доми Ши.

Синдром на „празно гнездо“ го опишува периодот кога родителите се чувствуваат осамено откако нивните деца ќе пораснат, ќе станат самостојни и ќе ги напуштат домовите.

Филмот можите да го погледните на следниов линк.