„Avengers: Endgame“ руши рекорди уште во првиот викенд

По долги 11 години чекање, конечно во киносалите низ светот се појави „Avengers: Endgame“ – последното продолжение од сагата за моќните Одмаздници на Marvel. Долгите редици пред кината резултираа во рушење на огромен број боксофис рекорди.

 

 

Во премиерниот викенд од прикажување, „Avengers: Endgame“ успеа да заработи неверојатни 1,2 милијарди долари на глобално ниво, а со тоа го сруши досегашниот рекорд на „Avengers: Infinity War“.

Викендот започна со заработка од 156,7 милиони само на американскиот боксофис, а продолжи со рекордни заработки во Кина, Европа, Јужна Кореја, Мексико, Австралија и Индија. Крајот на викендот покажа бројки на заработка од 350 милиони на американскиот боксофис и преку 1,2 милијарди на светскиот боксофис.

Гледачите ширум светот се однесуваа како на репертоарот на кината да не постои друг филм, па разликата помеѓу првото и второто место е неверојатно голема. Уште еден филм на Marvel се најде на второто место на американскиот боксофис – „Captain Marvel“, кој заработи нешто ситно над 8 милиони долари.