„Прилеп трча“

Како и сите предходни четвртоци, така и овај, 24.10.2019, по иницијативата на АОК „Златоврв“ се организира рекреативна трка „Прилеп трча“.

Настанот е рекреативен карактер и има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните на Прилеп за трчањето низ градот. Учество на настанот можат да земат сите заинтересирани на било кое ниво – од почетници до искусни тркачи.

Должината на трката е 5км, а темпото на истата ќе биде прилагодено според учесниците, во различни групи.

 

П.С. ТРЧАМЕ НА СЕКАКВИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ !