20 филмови кои направија најмногу пари во 2018-та

Додека повеќето се жалат дека во последно време нема добри филмови и дека само се прават продолженија, преработки или суперхеројски филмови, нивната заработувачка кажува нешто спротивно.

Луѓето гледаат многу филмови, а голем број од нив заработуваат многу пари, а оваа листа во продолжение ги прикажува филмовите кои направиле најмногу пари во 2018-та.

Некои од нив можеби ќе ве изненадат, а тоа е затоа што ова не е листа со филмови кои заработиле најмногу пари, туку кои оствариле најголем профит.

Броевите во листата се светски бокс-офис статистики минус продукцискиот буџет, што значи дека филмот може да доминира на бокс-офис, но тоа не го прави најпрофитабилен, заради трошоците за правење на истиот.

Во продолжение, погледнете кои се филмовите кои направија најмногу пари оваа година, според вкупниот профит до 3-ти декември:

Rampage: 306,345,950 долари

 Fifty Shades Freed: 316,382,353 долари

Mamma Mia! Here We Go Again: 318,704,442 долари

Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald: 322,231,221 долари

A Quiet Place: 323,677,199 долари

A Star is Born: 326,418,438 долари

The Nun: 343,050,119 долари

The Meg: 397,805,856 долари

Ready Player One: 432,218,455 долари

Hotel Transylvania 3: Summer Vacation: 446,954,410 долари

Bohemian Rhapsody: 488,696,483 долари

Ant-Man and the Wasp: 492,648,074 долари

Jumanji: Welcome to the Jungle: 545,560,973 долари

Mission: Impossible – Fallout: 613,017,452 долари

Deadpool 2: 624,245,921 долари

Venom: 744,000,606 долари

Incredibles 2: $1,041,079,834 долари

Jurassic World: Fallen Kingdom: 1,134,944,060 долари

Black Panther”: 1,146,913,161 долари

Avengers: Infinity War: 1,747,675,173 долари

 

 

Преземено од: www.crnobelo.com