Опис на проектот

Коалиција на младински организации СЕГА, го спроведува проектот „Препознај, превенирај и примени мерки за насилство” поддржан од ЕУ во рамките на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: ,,Препознај, почитувај и остварувај права” спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.

Главни цели на проектот се подобрување на мерките за безбедност во училиштата и зајакнување на капацитетите на државните и локалните институции за адресирање, превенција и справување со насилство во образовните институции. Проектот вклучува соработка со 15 средни училишта од различни општини, во кои ќе се спроведат серија на активности во периодот од април до јули 2019 година.

 

Опис на кампањата

Во партнерство со 15 средни училишта и 5 невладини организации ширум нашата земја, Коалиција СЕГА ќе ја води кампањата „Препознај, превенирај и примени мерки за насилство” во рамките на истоимениот проект. Кампањата има за цел ја подигне свеста за постоење и превенција на насилството меѓу учениците.

Друга цел на кампањата е широко да се распространат информациите за насилство во училиштата. Училиштата и невладините организации треба да обезбедат ресурси за младите луѓе да добијат помош и да станат застапници за стопирање на малтретирањето во нивните училишта.

Времетраење на кампањата: Кампањата ќе се спроведува на социјалните медиуми во периодот од 15 мај – 31 јули 2019 година.

Секоја недела ќе се објавуваат по три online флаери на официјалната фб страна на проектот (Линк) и на официјалните фб страници од училиштата и невладините организации со цел да се подигне свеста на учениците и младите за превенција на насилството во училиштата.