ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИТ експерт (монтажер)

Во рамките на проектот „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, Младински Совет Прилеп има потреба од набавка на услуги од 1 (еден) ИТ експерт (монтажер) за спроведување на проектна активност – Видео со анимација за известување за организациските постигнувања. За таа цел, Младински Совет Прилеп објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

ЗА ИЗБОР НА ИТ експерт (монтажер)

?Опис на активностите на ИТ експертот (монтажерот):

ИТ експертот (монтажерот) за подготовка на видеото ќе биде задолжен да изработи сценарио за видеото со анимација во соработка со вработените и локалните волонтери на Младински Совет Прилеп кое треба да ги прикажува организациските постигнувања на МСП во последните три години. Исто така, активноста опфаќа и реализација/снимање на видеото и негова монтажа.

Видеото со анимација треба да ја прикаже реалната состојба на организацијата, спроведените активности и проекти, финансиските резултати и распределбата на средствата, со што на еден креативен начин би се зголемила транспарентноста на МСП пред младите, но и кон останатите партнери и донаторите. Воедно, промотивното видео може да вклучува и кратки изјави на наши поранешни локални волонтери или ЕВС волонтери, на кои искуството во МСП им помогнало да станат успешни, она што се денес.

?Очекувани резултати:

а) Подготовка, снимање и монтажа на видео со анимација за известување за организациските постигнувања:

–       Подготвено сценарио за видео со анимација

–       Реализација/снимање на видеото со анимација

–       Монтажа на видеото

б) Доставена документација

–       Договор за услуги

–       Изјава за извршена работа 

–       Временска табела

?Основни критериуми за селекција 

–  Завршени додипломски студии во полето на информатички науки/графички дизајн или сродни области (кандидатите со завршени постдипломски и/или докторски студии ќе имаат предност)

–     Најмалку 2 години искуство на кандидатот во дизајн, креирање и монтажа на видео материјали

–     Најниска понудена цена 

?Период на спроведување 

Потребно е да се испорачаат услугите во периодот од 20 август 2019 година – 14 септември 2019 година.

?За учество на овој јавен повик, можете да се пријавите со испраќање на:

–     Пропратно писмо

–     Кратка биографија – CV

–     Листа со референци поврзани со барањето на овој повик

–     Предлог сценарио за видеото

–     Финансиска понуда (Формата за понуда е во состав на оваа тендерска документација)

?Апликацијата се доставува во електронска форма:
Адреса: contact@ycp.org.mk

?Предмет за електрoнска достава: 
    „Понуда за набавка на услуги од ИТ Експерт (монтажер)“ 

?Краен рок за доставување на понуда е 15.08.2019, најдоцна до 16:00 ч.

?Понудите што ќе пристигнат по изминување на наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

?За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

?Документот со насоки за понудувачите на овој тендер може да го симнете на овој линк.

 

Со почит,

Тимот на Младински Совет Прилеп