Хуманитарна акција и литературно читање организирани по повод патрониот празник на СОУ „Ѓорче Петров“

На 01.04.2019 год. Младинската организација при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, во соработка со Младински Совет Прилеп, а поддржани од неколку спонзори, организираа низа на настани во чест на патрониот празник на училиштето.

На градскиот плоштад во Прилеп, со почеток од 10 часот се одржа хуманитарна акција, на која учениците од медицинската струка, со помош на нивните професори, бесплатно мереа крвен притисок и шеќер во крвта.

Заинтересираноста на граѓаните беше одлична, а ученици ги покажаа и докажаа стекнатите знаења. Граѓаните изразија задоволоство со надеж во иднина да има повеќе вакви акции.

Истиот ден, со почеток во 19:00 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, се одржа литературно читање. Со свои творби учество зазедоа 10 учесници од неколку средни училишта.

Нашата ЕВС волонтерка, Ванеса Торкасо, се претстави со поема на италијански јазик, што му даде дополнителна убавина на настанот.

Нашата ЕВС волонтерка, Ванеса Торкасо, се претстави со поема на италијански јазик, што му даде дополнителна убавина на настанот. На крајот, жирито во состав на претставник од СОУ „Ѓорче Петров“, професор Лидија Ристеска, претставник од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар, Христина Видевска и претставник од Младински Совет Прилеп, Фросина Петкоска, избра тројца најдобри интерпретатори.

 

Настаните беа организирани со одлучната соработка која Младински Совет Прилеп ја има и негува со нашите локални волонтери, но се подразбира и со поддршка на спонзорите, кои ја покажаа нивната општествена одговорност. Поради тоа, голема благодарност до Аптека Ремедија, Ex Travel, Twist, Трикотажа Гатекс, Milko Hf.