Учествувај во документарната серија „Перспектива”

Продукциската куќа „Mebius Film“ од Сараево ги повикува студентите од Скопје на снимање на документарната серија „Перспектива”.

Окументарната серија „Перспектива” е наменета за младите кои според концептот на емисијата се и учесници во емисија, а темите за кои се разговара и дебатира се поврзани со човековите права, мултикултурноста, насилството, општи и лични вредности, радикализација, слобода и слични други за кои учесниците мислат дека се важни.

Проектот за документарни серии „Перспектива” кој се реализира со поддршка на Радио Слободна Европа и НЕД покрај епизодите со младите од Македонија, има и епизоди во кои учесници се младите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово.

Главна цел на проектот е рушењето на зидовите кои се изградија од конфликтите во изминатите години, образовниот систем и медиумите меѓу младите луѓе во регионот, и истите сега ќе добијат прилика да се слушнат едни со други, да разговараат на актуелни теми и да запознаат врсници од други држави. На снимњето ќе учествуваат 40 студенти поделени во две групи. Во текот на првиот ден групите посебно ќе разговараат помеѓу себе на зададени  или сопствени предложени теми, додека вториот ден кратки видеа снимани од првиот ден ќе им бидат покажани на групите по принципот видеото снимано со првата група на втората и видеото снимано со втората група на првата.

Третиот ден е резервиран за снимање на двете групи заедно и учесниците ќе имаат прилика да дебатираат околу изјавите од претходните два дена. Mодератори на дебатата од третиот ден сеЕдо Мајка, Марко Шелиќ Марчело, Бранко Јакуповиќ од бендот „Дубиоза колектив” или Мирела Приселац Реми од бендот „Елементал”. Некои од претходните епизоди можете да ги погледнете на следниот линк. 

Снимањето во Скопје ќе биде во Инфо Центар на Град Скопје на 27 Мај со почеток во 12:00 часот првата група, 13:30 втората група, 28 Мај со почеток во 12:00 часот првата група, 13:30 втората група и во Јавна соба на 29 Мај со почеток во 12:00 часот и ќе трае најмногу до 90 минути во денот.

Пријава за учество во емисијата се врши со пополнување на пријава која се наоѓа на следната е-маил адреса: contact@interkultura.org.mk (Име и презиме, телефон и Факултет).

Изборот на учесниците се врши според принципот/критериум на застапеност на повеќе Факултети. Рокот за пријавување е 25 Мај 2019 година.