Трибина по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На 21.02.2019 (четврток) со почеток во 18:30 часот, во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе се одржи трибина посветена на меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Темата на трибината е „Јазикот е средство за комуникација. Мајчиниот јазик исто така.“

На трибината ќе гостуаат Оливера Тодороска, советник во Бирото за развој на образованието, Јулијана Талеска, професор по македонски јазик и литература во ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп и Цеца Видова Трајческа, професор по македонски јазик и литература во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.